Шок за нашинците кои летуваат во Грција: Голем број Македонци останаа без возила и таблички поради погрешно паркирање

Внимавајте каде паркирате, вчера во текот на денот и синоќа многу македонски и српски туристи кои се во Грција на одмор останале без своите возила, објави утрово Слободен печат.

Поради несоодветно паркирање, „пајаци“ во придружба на полиција им ги однеле возилата.

Туристите кои имале среќа, останале само без регистарски таблички, со известување дека треба да платат казна.

Но, проблемот не завршува тука, табличките и покрај платената казна се враќаат за 20 дена. Дел од туристите се бесни бидејќи им завршува аранжманот, а немаат возила  и не знаат како ќе се вратат во својата земја.

По социјалните групи кружат информации дека прва на списокот била Неа Флогита, а денес акцијата продолжува во другите туристички места.

По српските групи на Фејсбук се шират информации дека голем дел од нив во прв миг помислиле дека возилата им се украдени.

-За помал прекршок како погрешно паркирање, ни го уништија одморот со семејството со вадење регистарски таблички. Малтретирање странски државјани, особено во земја како Грција, е срамота!!

Повикот на строго почитување на законот во Грција, каде што никаде нема полициска станица, каде што има една амбуланта во цел град, каде што самите Грци зборуваат за својата земја полошо од нас Србите, е безобразно! Плус, вадењето регистарски таблички од туристите, а не од сопствените граѓани е бесрамно! Како овие луѓе ќе се вратат дома? Каде ќе спијат во Грција кога се е преполно? Да потсетам, регистарските таблички се враќаат за 20 дена – пишува во објавата на Томислав Јовановиќ.

Коментари има и од Тасос, Парга, Калитеа.

-Никој не бара да се прогледува низ прсти ако има поголем прекршок. Но нема доволно паркинзи, казната е 25 евра, но проблемот е друг, треба 20 дена да поминат да ти ги вратат таблиците – вели Дејан Младенов.

Фото: Архива

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде