Славчо Попоски со најнова прогноза: Еве какво време не очекува во следните денови

Во текот на следните денови, и понатаму во Македонија ќе породолжат ЛЕТНИТЕ температури на воздухот, типични за овој период од годината.

Највисоките максималните дневни температури низ Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, што значи некој екстремно топол Африкански бран нема на видик.

Температурите ќе бидат далеку попријатни за разлика од оние кои го имавме минатото лето.

Сепак нестабилното време и понатаму продолжува во Македонија, што значи стабилизирање на Атмосферата нема да имаме. 

И понатаму ќе има ме локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено нестабилна Атмосфера повторно очекуваме во сабота попладне и тогаш има нова опасност од појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Градот кој се очекува повторно би можел да биде покрупен. 

Особено во сабота попладне повторно АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, но и во случај на појава на електрични празнења тие да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така повторно постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА.

Во Скопје и околината исто така ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во сабота попладне, кога и во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВУВАЊА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде