Најмалку 48 лица загинаа, а 30 се повредени синоќа во сообраќајна несреќа на автопат меѓу градовите Керичо и Накуру во западна Кенија, соопшти локалната полиција.
– Засега можеме да потврдиме дека 48 лица загинаа во судирот на камион и автобус, а уште неклкумина се уште се заглавени во камионот“, соопшти претставник на полицијата.
Повредени се 30 лица кои се префрлени во блиските болници.
Според истрагата на полицијата, возачот на камионот изгубил контрола и удрил во автобус на постојка. Повредени се и луѓето кои стоеле на автобуската станица.