Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје.
При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи.
До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Нестабилниот бран со грмотевици, поројни врнежи и повремени силни удари на ветер во областа на развојот на облаците во 17:12 часот се поместува кон Штип, Пробиштип, Злетово, Неготино Виница
Напомена: Според NOTHAS најинтензивни процеси попладне се очекуваат на исток и југоисток Валандово, Удово Гевгелија и во регионот помеѓу Штип, Струмица и Берово!