Како што веќе е познато, попладнево силно невреме го погоди Скопје.
Паднати дрвја, оштетени авомобили, потопени улици, затнати шахти… се првични последици од интензвоното невреме коешто на скопското подрачје започна околу 15.30 минути.
Невремето траеше околу половина час но направи проблеми во повеќе скопски населби.
Најсериозен инцидент се случи во населбата Мичурин во Аеродром кога едно од дрвјата падна врз автомобили, а настрада и возило во движење.
Сега невремето преку скопскиот регион се префрли во источна Македонија, каде според последните информации силно невреме има во Кочани.
Според фотографии на социјалните мрежи може да се забележи дека невремето проследено со силен ветер и дожд откорнало неколку дрвја.
Засега нема информации за поголема материјална штета.
До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што соопшти УХМР, нестабилно време нѐ очекува и во текот на утрешниот ден.