Вчера околу 23:00 часот во полиција било пријавено дека во Куманово на крстосницата од бул.„3-та Македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“
се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „Фолксваген Шаран“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Г.(31) од с.Клечовце,
кумановско и мопед „Априлиа“ со битолски регистарски ознаки, на кој се превезувале Д.Т.(18) и 15 годишен малолетник, двајцата од Куманово, информира МВР.
„По несреќата, Д.Т. и малолетникот биле пренесени во Општата болница Куманово,
каде од лекар на Д.Т му биле констатирани тешки телесни повреди, додека на малолетникот му биле констатирани телесни повреди“, се вели во соопштението.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.