Младиот Муамеди: Никаде не пишува дека во секоја влада мора да има политичка партија од албанскиот блок а и обратно

(Фејсбук статус на Умејр Муамеди)

Во ниту еден пишан акт не се предвидува дека во секоја влада мора да има политичка партија од албанскиот блок а и обратно во секоја влада да има и партија од македонскиот блок, тоа е само обичај воспоставен уште од времето на првите избори и пропаганда и страв кој го сее ДУИ.

Ако македонските политички партии имат страв дека евентуалното некоалиционирање со албанска партија ке доведе до некаков конфликт и ако сметат дека како држава не сме спремни за таков потенцијален конфликт тогаш нека си ја предадат државата.

Некоалиционирањето со албанските партии не може да се смета како албанофобија бидејки истите тие партии го немат легимитетот од самите албанци, со оглед дека тие партии заедно немат ниту 35 проценти од албанското гласачко тело.

Но истото би важело и во случај Албанците да можат сами без партии од македонскиот политички блок да колицираат дека тоа би можело да го направат.

Поентата ми е дека македонските политички партии треба да се ослободат од стравот дека евентуалното неколиционирање со албанска политичка партија (особено ДУИ) би довело до некаков конфликт или би се сметало како албанофобија.

Дека коалициите треба да се базираат на програма, идеологија и принципи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде