Украински функционери и разузнавачи, тврдат дека Русија планирала да ја разнесе нуклеарната централа, што би довело до катастрофа.
По уништувањето на браната Каховка, Киев стравува дека Кремљ планира да организира експлозија во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана во градот Енерходар, окупиран од Русија.
Според украинските разузнавачки служби, на руските работници им било кажано да ја напуштат централата до утре. „Постои сериозна закана. Русија е технички подготвена да предизвика локална експлозија во централата, што може да доведе до испуштање на опасни материи во воздухот“, изјавил украинскиот претседател, Володомир Зеленски, за шпанските новинари во Киев во текот на викендот. „Ние разговараме за сето ова со нашите партнери, како би разбрале зошто Русија го прави ова“, додал тој.
Околу последните случувања во руско-украинската војна се огласи новинарот Сеад Ризвановиќ:
Украинските служби предупредуваат дека руските сили ја минирале нуклеарната централа Запорожје, дека се поставени експлозивни направи на покривот кои треба да симулираат експлозии од проектили, но и и дека рускиот воен и цивилен персонал масовно го напушта Енергодар.
Од друга страна, руските воени блогери тврдат дека украинската страна се подготвува да ја нападне централата со балистички ракети Точка-М и на тој начин да предизвика нуклеарна хаварија.
Како и да е, очигледно е дека предупредувањата од двете страни се интензивираат и сите тврдат дека следните 48 часа се критични.
Да се надеваме само дека се работи за психолошка војна, но и македонските служби треба внимателно да ја следат оваа состојба, бидејќи хаварија на нуклеарната централа Запорожје може да има несоглeдиви последници по целиот континент, напиша Ризвановиќ на ФБ.