Доцна синоќа страшно невреме во скопско, поплавени неколку села

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека по силниот пороен дожд што го зафати Скопје во ноќните часови во селата Ласкарци и Буковиќ,

во Општина Сарај поројната вода навлегла во поголем број куќи, подрумски простори и на повеќе улици.

-На терен беше БППЗ на Град Скопје со 3 пожарникари и 1 ПП возило, при што интервенирале на најзагрозените реони.

Во утринските часови контактирано е со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, и од нив е добиена информација дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен за расчистување на улиците од кал и за испумпување на водата од куќите.

За настанатата состојба беше известена Општина Сарај за понатамошна постапка, информираат од ЦУК.

УХМР предвидува и денеска, иако времето од утрово е сончево со мала до умерена облачност, дека од пладневните часови на повеќе места во државата времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде