Центарот за управување со кризи информира дека денес попладне Струмица беше зафатена со многу силни, поројни врнежи од дожд.
Според нив, поплавени се улиците : Браќа Минкови, Ѓорги Василев, Иљо Шопов и Младинска.
Поплавени се неколку куќи, подруми и дворови.
Екипите на Комуналец Струмица и ТППЕ Струмица се на терен со сите расположливи сили, и ќе постапуваат по пријавите од граќаните.
Во продолжение видеа објавени на фејсбук страниците Струмица денес и ТВ Вис.