Најнови вести од Слупчане: Сакале сами да приклучат струја, па направиле дефект од големи размери

Во вчерашните доцни часови лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во сопственост на Електродистрибуција, во обид сами да го вратат напојувањето со струја во селото, велат од ЕВН за Плусинфо.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја.

Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни и може да имаат многу трагичен крај со смртни последици – предупредуваат од Електродистрибуција.

Во селата Оризаре, Ваксинце и Лојане денес нема струја поради дефектот што го предизвикале жители на Слупчане.

Од Електродистрибуција за Плусинфо велат дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува мрежата и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде