Младиот бразилски фудбалер Винисиус Скулни Педроса бил пронајден мртов во вторникот по потрагата што траела извесно време, објавија локалните медиуми.
Од истите извори доаѓаат информациите дека се пронајдени само дел од колкот, трупот и нозете, додека остатокот од телото се уште не е откриен.
Фудбалерот кој имаше само 19 години и играше за Седук де Анастасио исчезна по забавата на која отиде по натпреварот одигран на 25 јуни.
Телото е откриено во реката Мато Гросо до Сул, во близина на границата со Парагвај.