Автомобилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна пред зградата на Советот на министри.
Самиот излегол од автомобилот со кој патувал и се упатил кон салите за состаноците што требало да ги одржи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека пристигнал во Бугарија за да се сретне со премиерот, претседателот, политичарите и новинарите.
-Ќе разговарам суштински со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, официјални претставници од Владата, парламентарци, политичари и новинари, напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека главни теми на разговорите ќе бидат одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, Самитот на НАТО, безбедносните гаранции, како и спроведувањето на украинската мировна формула.
Зеленски беше пречекан со овации, скандирање на неговото име и аплауз.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!