Денес од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд,
грмежи и засилен ветер, а во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност.
Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.
Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.
Попладнево невреме го зафати беровскио регион, објави Делчево 365.
Невреме во Берово најавија и од УХМР.
Според радарската слика во Берово и околината нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица.
Правец на движење на нестабилноста од северозапад кон југоисток, објавија од УХМР.
Видеото можете да го погледнете ТУКА