12 годишно момче денеска било убиено од неговиот две години постар брат.
Тој пукал од ловечка пушка во нивната семејна куќа кај Младеновац, објави Нова.рс.
Според првичните информации се се случувало во дворот од куќата, кога момчето и неговиот постар брат наводно се скарале поради базенот.
Засега нема информации каде момчето го набавило огненото оружје.
Роднина на семејството наведува дека четиринаесетгодишното момче додека било со децата во дворот трчало и извикало „Го убив брат ми“.
„Се слушна дека нешто пукна, но не обрнавме внимание. Дури кога се појави и рече дека го убил, сфатив што се случило.
Слушнав дека се скарале за базенот, но не знам што се случило“, вели соговорник за Нова. рс.