Ужасна вест ја потресе Македонија: Почина 42-годишна жена, мајка на две деца, во болницата била однесена мртва

Во болницата во Велес пред два дена била донесена почината 42-годишна жена.

Телото е на обдукција, а институциите засега не објавуваат детали за немилиот настан, објави тв Телма.

– На 05.07.2023 година, во 16:30 часот, од страна на ЈЗУ Општа Болница – Велес е пријавено дека кај нив е донесено починато лице, Х.Д. (42 години), од село Јаболчиште, Општина Чашка.

Истата е донесена на Одделението за неврохирургија. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

Додека не заврши обдукцијата, немаме поконкретни информации за причината на смртта –  изјавиле од велешката полиција за Телма.

Неофицијално, станува збор за пациентка која и претходно била хоспитализирана во болницата.

Таа, наводно, имала неколку болести, меѓу кои и срцево заболување по второто породување на 39-годишна возраст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде