Вицепремиерот Фатмир Битиќи предлага административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила.
Фактот дека можат да добијат неплатен одмор значи дека нивните работни места не се потребни. Имам еден друг предизвик.
Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потребни, вели Битиќи.
Тој нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10 000 работници, а државата, според него, е подготвена да го стимулира процесот на преминување во приватниот сектор со субвенции за придонесите.
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму.