Не попушта ниту раковдството на претпријатието, ниту вработените. Полициски единици се присутни пред зградата на ЈП „Комунална хигиена“.
На местото дојдоа и екипи на брза помош кои однесоа еден од вработените.
Нејасно е дали тој бил повреден во протестот.
Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева Николиќ, и вечерва се појави пред вработените кои неколку дена штрајкуваат и мешу другото бараат нејзина смена.
Ситуацијата е тензична, а забележливо е и засилено полициско присуство.
Штрајкот на вработените почна пред два дена. Како главна тие го наведуваат отпуштањето на дел од работниците во претпријатието. Другите барања се зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж.
Поради штрајкот контејнерите во Скопје со денови се преполни. Затоа, дел од градоначалниците на скопските општини најавија дека самите ќе го расчистат сметот.