Се огласи Апасиев: Цел главен град е заложник на 20 битанги од ДУИ

И вечерва повторно е тензично пред скопска Комунална хигиена. Вработените кои пртестираат од петокот и вечерва не дозволуваат за излезат камионите кои треба да го собираат ѓубрето низ градот.

Присутна е и полицијата која се обидува да воспостави ред и преговара со собраните.

Цел главен град е заложник на 20 битанги од ДУИ, пишува на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Цел главен град на земја-членка на НАТО е заложник на 20 битанги од ДУИ кои 15 години “оделе” трета смена на работа и сега им рекле на идат прва, па господава се увредиле!?

(Затоа е блокирано собирањето ѓубре у Скопје)

p.s. Корумпираните говеда од СДСМ-ДПМНЕ дозволија цел систем да зависи од една крими-партија со мафиозни алашвериши. Ѓубриња смрдени! – напиша Апасиев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде