Тешка сообраќајна несреќа на патот Св. Николе – Куманово, сообраќајот затворен во двата правци
Поради сообраќајна несреќа изутринава, од 5:00 часот, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Св. Николе – Куманово.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правца.
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА:Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.