ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина 19-годишен македонски ракометар

Македонскиот ракомет, но и воопшто македонскиот спорт утрово го погоди голема трагедија откако починал младиот 19-годишен ракометар на РК Аеродром, Андреј Петрески.

Од најрана возраст Петрески беше член на на РК Аеродром и играше на позицијата лево крило.

Петрески беше дел и од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Свсетското првенство.

Најблискиот последниот поздрав за Петрески ќе го испратат денес во 12:30 часот на градските гробишта во Бутел.

Дел од останатите ракометни клубови во земјава преку објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот ракометар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде