Али Ахмети со 6 проценти поддршка е најпопуларен политичар во Македонија според ИРИ.
Потоа следуваат Никола Груевски и Христијан Мицкоски со по 5 проценти, додека Димитар Ковачевски се со 4 односно 3 проценти поддршка.
Билал Касами има 3 отсто поддршка, додека Зијадин Села 1%.
Но најинтересно е што дури 42 отсто од граѓаните не даваат поддршка никому.
Анкетата на ИРИ е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР).
Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод на повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.
Беше анкетиран национално репрезентативен на примерокот од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Податоците се пондерирани според возраста, полот, регионот, населеното урбано/рурално место и етничката припадност.
Маргината на грешка за целиот примерок не е над ± 2.8 поени со ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 74%, велат од ИРИ.