ТАЖНА ВЕСТ ја потресе Македонија: Почина Горан Станковиќ

Црн ден за македонскиот ракомет.

По трагичната вест  за смртта на 19-годишниот ракометар Андреј Петрески од РК Аеродром, стигна уште една жална вест за смртта на Горан Станковиќ, поранешен ракометар и ракометен работник.

Тој почина на 50-годишна возраст.

Долги години беше дел од Јуниор Кисела Вода, а претходно ги најавуваше натпреварите на Металург во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски“.

Неговите легендарни коментари особено во натпреварите во ЛШ, кога им даваше дополнителна мотивација на многу ракометари, како и на навивачите на трибините.

Скопската јавност,особено оние кои биле чест дел од ноќниот живот  многу добро го познаваат како еден од првите пејачи кој ги забавуваше гостите по скопските локали на таканаречените ноќни свирки.

Најчесто во еден од култните ноќни клубови во 90-ите, сега позната скопска кафеана „Рулет“ каде Горан беше не заобиколен дел од оние кои  со години ја правеа забавата до раните утрински часови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде