„Бомба“: Милевски заминува од селекторското место!?

Благоја Милевски повеќе нема да биде селектор на фудбалската репрезентацијата, неофицијално дознава порталот „Спорт1“.

На последниот натпревар под водство на Милевски, македонската фудбалска репрезентација доживеа историски дебакл од Англија со 0:7, а по тој пораз јавноста жестоко го критикуваше Милевски и бараше негова оставка.

Милевски порача дека сака да ја води и понатаму репрезентација, но изгледа дела луѓето во федерацијата одлучиле дека е време за промена.

„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим,

но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, пишува „Спорт1“.

Под водство на Милевски, Македонија играше мундијалски бараж во Палермо, но од тој натпревар па наваму резултатите и играта на репрезентацијата не беа за пофалба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде