Листа со 27 имиња на отпуштени вечерва ги пречекала работниците во трета смена во Комунална Хигиена.
Меѓу отпуштените се вработените кои учествуваа во блокадите пред претпријатието.
– Баравме леб, добивме отказ, ни изјави претставникот на вработените Насер Билјали кој исто така е на списокот на отпуштени.
Од списокот се гледа дека отпуштените се вработени на различни позиции, од метач до главен на блок
Отпуштени се и 5-мина возачи од кои 4-ца се впзачи на специјални товарни возила за смет. Сите отпуштени се долгогодишни вработени во ЈП Комунална Хигиена-Скопје.
Најголем апсурд е што воопшто не им се дадени отказните решенија со причините за отказите туку биле известени кога стигнале на работа вечерва со листа на огласната табла.