Најнова вест: Најмалку пет лица загинаа, а по едно лице се уште се трага во хеликоптерска несреќа кај Монт Еверест

Најмалку пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа кај Монт Еверест во Непал, а по едно лице се уште се трага.

Според првичните информации туристите кои загинале биле мексикански државјани, додека пилотот бил од Непал.

Леталото, наводно, се враќало во главниот град Катманду во вторникот наутро, откако туристите го обиколиле највисокиот врв на светот.

Меѓутоа, во еден момент започнало невреме и пилотот морал да ја смени рутата.

Неколку минути подоцна, под се уште неразјаснети околности, хеликоптерот се урнал, јавува АП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде