Застрелан е Станислав Ржицки, заменик-шеф на одделот за мобилизација во Краснодар, Русија, јавија руските медиуми.
Според пишувањата на медиумите, Ржицки бил командант на подморницата Краснодар, а токму тој наредил истрелување на ракетите Калибар кон Украина.
Анонимни проруски канали на Телеграм објавија дека 42-годишниот Ржитски отишол на трчање во осум часот наутро.
Во близина на спортскиот комплекс „Олимпип“ наишол на заседа од непознато лице кое му пукало четири пати во грбот и градите, а потоа избегало од местото на настанот. Тој починал на лице место.
Администрацијата на Краснодар ја потврди смртта на РБЦ, велејќи дека агенциите за спроведување на законот ја истражуваат неговата смрт.
Администрацијата за ТАСС изјави дека „непознато лице пукало неколку пати во човекот и исчезнало“.
За неговото убиство извести и Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.
„Станислав Ржицки, заменик-шефот на одделот за мобилизација во Краснодар, Русија, бил застрелан и убиен, јавуваат руските медиуми“, пишува Герашченко.
Stanislav Rzhytskiy, deputy head of mobilization department in Russian Krasnodar, was shot – Russian media.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 10, 2023
Rzhytskiy is the former commander of Krasnodar submarine. Russian media claim that it was him who gave orders to launch Kalibr rockets on Ukraine.
He was shot by an… pic.twitter.com/lUK6IS1waY