Во сообраќајна несреќа, што е случи вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, повредени се четири лица.
Според информациите, несреќата се случил меѓу „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. С. (31) од с. Горно Строгомиште, и „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е. А. (39) од с. Србјани.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатник од возилото „поло“, Л. С. (53) од с. Горно Строгомиште,
а телесни повреди добиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „пасат“, А. А. (28) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кичево.