Пртистигна убава вест: Пронајдено е девојчето од прилепско

Најдено е петнаесетгодишно девојче од селото Пешталево прилепско кое доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато, утрово пренесе порталот Центар.мк

Полициски извори велат дека девојчето е со своите родители.

Драмата почнала синоќа кога роднините на девојчето на социјалните мрежи почнаа да пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.

Апелот на социјалните мрежи беше споделен од Светлана Јованоска, која напиша дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.

„Нема ни траг ни глас од неа од вчера вецерта околѕ 19ч. Полициска екипа е во потрага по Ана Марија Гореска. Последен пат била видена на постојка Ропотово чекала превоз нее видена со што возило е тргната и каде.

Доколку некој ја препознае и виде ве молиме известете не девојцето е од село Песталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести 15годишна возраст е малолетничка не комуницира со луѓе последно време е многу затворена, стоеше во апелот за помош објавен на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде