Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила околу 10 часот во близина на Нов Варош, потврди тамошното МВР.
Три лица се пренесени во болницата во Пријепоље.
“До судирот дошло кога возачот ја престигнал колоната возила и директно се судрил со автомобилот што доаѓал.
Возилата биле целосно уништени. Еден од возачите не давал знаци на живот”, изјавил за РИНУ еден од очевидците.
На терен се припадници на полицијата и итната помош. Во текот на истрагата сообраќајот на оваа делница е во прекин.
Инаку, на оваа делница од патот речиси секоја недела се случуваат тешки сообраќајни несреќи.
Зад воланот на Аудито бил Реља М., кој најверојатно изгубил контрола, преминал на другата коловозна лента и удрил во пежото што доаѓало.
Според мештаните на Бистрица, Реља починал во близина на неговата куќа.
Почина практично пред куќата, на само неколку метри од неа… Се слушнаа сирени и пред малку слушнавме што се случило и дека Реља загинал – изјавиле потресените мештани.