ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина и едно е тешко повредено во страотната сообраќајна несреќа која се случи кај Бачка Паланка

Во тешка сообраќајна несреќа, која се случила денеска околу 14 часот на излезот од градот Гајдова загинал Мирослав Г.,

кој бил зад воланот на „мазда“ со австриски таблички и неговото возило „удрило“ во трактор со приколка.

Неговата сопруга, која се наоѓала на совозачкото седиште, била примена во болница.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, тракторската приколка се откачила од тракторот додека возела, а потоа преминала на спротивната лента и налетала на сив теренец.

Брза помош, полиција и пожарникари излегоа на местото на настанот и го сечеа возилото за да дојдат до повредените.

Од силината на ударот автомобилот излетал во каналот покрај патот и бил целосно згмечен.

Увидот на лице место е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде