Земјотресот синоќа го погоди Младеновац.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Потресот бил на длабочина од 10 километри, а тлото се затресело околу полноќ, објавија српските медиуми.
Тлото во Србија изминативе денови секојдневно се тресе.
Претходната вечер земјотреси ги погодија Крушевац, Крагуевац и Косовска Митровица.