УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Cе удави четиригодишно дете во реката Драва

Четиригодишно дете се удави вчера околу 14 часот во реката Драва во Осиек.

Во текот на играта детето паднало во реката и исчезнало.

Мајката видела како реката го исфрла телото на површината уште два пати пред да исчезне.

Очевидец кој го видел немилиот настан и се обидел да помогне, раскажува за „Глас Славоније“.

„Ја чистев терасата и слушнав како некој вреска, слушав крик по крик и првата мисла беше дека некој некого силува на другата страна.

Врисоците беа многу гласни, речиси нечовечки и не престануваа, истрачав и наидиов на жена која беше во вода речиси до вратот“, раскажал Вук Огњеновиќ, кој живее недалеку од местото на несреќата.

„Од шок рече нешто и не можев да ја разберам. Претпоставував дека е дете, иако се надевав дека не е. Таа ми кажуваше и покажуваше: „Ене, таму, таму!“, а јас и реков дека ќе одам малку низводно и ќе тргнам кон неа. Таа ми велеше: „Не, не, не! Таму го видов сега! – додаде Огњеновиќ.

„Мислев дека го барам детето десет минути, но подоцна ми рекоа дека го барам повеќе од еден час – изјави Огњеновиќ.

Тој додаде дека во еден момент и самиот се заплеткал под понтонот и морал да се откаже од потрагата. Полициски нуркачи пристигнаа на местото на настанот и ја пребаруваа околината во следните часови. Околу 16 часот и 45 минути недалеку од местото на исчезнувањето, го пронашле телото.

Спасувачките екипи ги предупредиле сите кои со пловни објекти се движат по реката да се движат што подалеку од десниот брег на реката за да се олесни потрагата. Полицијата ќе спроведе увид за утврдување на сите околности на настанот. Мајката на детето со возило на брза помош била пренесена во Клиничката болница Осиек.

Претходно вчера исто така во Хрватска почина петгодишно дете. Рано утрото во Медулин била повикана Брза помош откако на детето му се слошило. Но и покрај напорите на лекарите, детето починало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде