Младо момче прегазено од „фолксваген“, со тешки повреди итно пренесено во болница
Вчера, околу 14.45 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Димитар Влахов во Гостивар,
патничко моторно возило „фолксваген“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот гостиварец З. В., удрило во пешакот С. С. (30) од гостиварско Речане.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.