Тешка сообраќајка, четири лица од кои три се со тешки повреди итно пренесени во болница

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, откако возилото со кое патувале излетало од коловозот.

Тројцата од повредените се здобиле со тешки телесни повреди.

– Вчера попладне, во 13.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селото Требеништа и селото Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки,

управувано од 47-годишниот А. З. од село Стрелци, Кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатниците Ќ. С. (56), Ф. З. (22) и Ф. З. (46), сите од с. Стрелци, а возачот добил телесни повреди,

констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и во Општата болница во Охрид, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде