Младината на Левица вчера го врати старото име на паркот АСНОМ, а Фуркан Салиу денеска им приреди одговор

Движењето Црвена младина на Левицата го врати старото име на паркот АСНОМ, кое беше заменето со името Украина.

„Денес, Црвената младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои, кој беше именуван Украина, го преименуваме во АСНОМ.

Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие.

АСНОМ ЖИВЕЕ!“, порачаа од Црвената младина.

Попладнево новинарот Фуркан Салиу објави видео на Фејсбук и порача:

Додека илјадници луѓе гинат како последица на руската агресија во Украина дечиштата на партијата Левица ја чкртаат таблата во паркот Украина.

На ваквото детско однесување мора да одговориме на ист начин.

Војната во Украина не само уште една обична војна. Таа е војна на средновековната идеологија со модерната демократија. Војна меѓу тиранијата и угнетувањето против слободата на говор и слободата на избор.

Во една ваква војна слободољубивиот човек не може да биде само гледач, порача Салиу на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде