Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси во источен Солун.
Крвавиот инцидент се случил вчера во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 пред очите на случајни минувачи.
Според очевидците, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината.
Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата,
а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје.
Полициски извори известија дека полицајците успеале да го идентификуваат сторителот од регистарската табличка на автомобилот во кој се возел.
Според информациите, во 50-годишната жртва со албанско потекло било пукано најмалку двапати, а се уште не се разјаснети причините кои довеле до трагедијата. Предупредуваме дека снимката за некого може да биде вознемирувачка.
— Pluton (@Pluton45873221) July 14, 2023