Познатата македонска поп пејачка и последниве години горда претприемачка која ги донесе сопствениот парфем и козметичката линија на пазарот, облеана во солзи и длабоката тага.
Елена Ристеска по најголемата загуба во животот, нејзиниот татко без кого остана пред неколку години, сега се соочи со уште една, за неа исто така многу тешка и болна загуба.
Имено, таа сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи каде пејачката со трогателна посвета се прости од нејзиниот близок пријател и незамнелив соработник во бизнисот со парфеми и козметика.
„Се’ уште сум во неверување дека го нема меѓу нас нашиот пријател, технолог и соработник, пред се’ добар човек кој помогнал на секого, најголем стручњак во Македонија, нарекуван „нос“ поради генијалноста за создавање парфеми и човекот без кого Ера козметика немаше ниту да се основа, ниту да успее..“, пишува Ристеска и додава:
„По неговите рецептури за козметичките производи се направени сите производи на Ера.
Почивај во мир Владо, без тебе веќе нипто не е и нема да биде исто“ – беа зборовите со кој Елена Ристеска јавно се прости од својот близок и драг пријател и незаменлив соработник.