Потресни сцени од местото на несреќата каде загинаа двајца градежни работници

ТВ Клан Македонија објави фотографии од местото во тетовското село Шипковица каде што двајца работници го загубија животот како последица од уривање на потпорен ѕид.

Како што објавува Тв Коха, двајцата работници работеле на санирање на ѕидот од свлечиштето што се случи пред неколку дена.

На местото на настанот излезе и првиот човек на општина Тетово Билал Касами. 

Еден од вработените кој го загуби животот, како што е соопштено, е од селото Селца, а другиот е од Албанија.

На местото на настанот пристигна и полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде