Фото: Ова е македонскиот државјанин кој беше застрелан во Грција

Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, кон добро познал лик од скопското подземје и бизнисмен кој е сопственик на казиното во Македонија и ранил уште еден негов пријател, пренесуваат грчките медиуми.

Грчките медиуми посочуваат дека се работи за нарачано убиство посочувајќи го убиството од пред неколку месеци во Шиша бар.

Убиство се случило во раните утрински часови во Ханиоти, Халкидики. Конкретно, околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Македонија.

Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен бил мртов на лице место, а неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.

Грчките медиуми објавија дека се работи за 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми.

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки, а повреден е Сеад Слезовиќ, двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Се упатува на нарачано убиство, бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.

Според информациите кои кружат на социјалните мрежи Орхан бил десна рака Јетон Кривањева – Жила кој беше обиен во Шиша Бар во Скопје.

Фото: Клан Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде