Туристите на ова место во Грција шокирани од цените: Кафето е речиси без пари, хот-дох чини 1,5 евра

На инстаграм профилот Nikana.gr објавено е видео на кое се гледа ценовник на плажа во Ханиоти, кој, судејќи според реакциите, пријатно ги изненади туристите.

Имено, на видеото е прикажан ценовникот на ресторан во кој кафето чини само 1,5 евро (домашно и еспресо), додека исто толку чини и фрапе. Капучино е 1,7 евра, сок 2,5, а пивото 1,8 евра.

Што се однесува до храната што многу туристи ја преферираат на плажа, парче пица и крофна чинат 1,7 евра, додека хот-дог чини 1,5 евра.

Туристите кои го посетија ова место не беа изненадени само од цените на храната и пијалоците, туку и од изнајмувањето лежалки.

Изданието покажува дека комплет лежалки со чадор чини од 12 до 20 евра на градската плажа во споменатото грчко место.

Затоа, гостите можат да ги користат лежалките цел ден без обврска да нарачаат нешто дополнително.

Целиот текст на ФАКТОР.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде