Пет лица загинаа во несреќа во Грција, кога се судриле автомобил и камион.
Несреќата се случила на патот Лерин-Солун, кога под се уште неразјаснети околности возило директно се судрило со камион,
при што загинале сите пет патници во возилото, пишува Прототема.
Според извештаите, автомобилот завршил под камионот, а од силината на ударот бил целосно уништен.
Пожарникарите морале да ги извлечат телата од автомобилот, додека возачот на камионот е полесно повреден и се наоѓа во болница, надвор од животна опасност.
Според досегашните информации, сопатниците во возилото биле странци, но идентификацијата на нивните податоци се уште не е завршена.
Се наведува дека автомобилот во кој се наоѓале бил со регистерски таблички од Албанија.