По кратко боледување почина борачот на златната генерација на Бучим од Радовиш, Дане Вучков.
Вучков беше дел од генерацијата која го прослави македонското клупско борење и активен чинител на успехот на Боречкиот клуб „Бучим-Јака“ до европското злато во 1995-та и светското злато во 1996-та година.
На патот кон светската титула Бучим славеше против унгарската екипа Чепел, турскиот клуб Тедаш и легендарниот американски шампион Дејвид Шулц,
афирмирајќи ја Македонија со светски спортски успех, претворајќи го личниот сон во колективен и национален.
Дане беше неизоставен дел од екипата, тешкаш кој носеше клучни победи.
Вучков повеќекратен шампион на Македонија и во поединечна и во екипна конкуренција.
Погребот на Дане Вучков ќе се изврши на 24.07.2023 (понеделник) во 12 часот на градските гробишта во Радовиш.