Жителите на Слупчане: Сметки за струја ќе плаќаме само под овој услов

Сметката за струја да биде 3 илјади денари без разлика колку електрична енергија е потрошена,

ЕВН да им ги простат долговите на сите жители во Слупчане, новите приклучоци да бидат бесплатни, а верските објекти таму да не плаќаат струја.

Сметката за струја да биде 3 илјади денари без разлика колку електрична енергија е потрошена, ЕВН да им ги простат долговите на сите жители во Слупчане, новите приклучоци да бидат бесплатни,

а верските објекти таму да не плаќаат струја…ова се само дел од барањата на мештаните во кумановско Слупчане кои ги доставиле до Електродистрибуција.

Жителите таму, денеска повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да влезат и работат. Од компанијата за Канал 5 потврдуваат дека наишле на блокади, а жителите ги уништиле трафостаниците со што направиле сериозен дефект, и без струја ги оставиле и околните села.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади, како и целосни блокади за влез во селото.

Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион.“ соопштија од ЕВН.

Пред само неколку недели, жителите таму ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да влезат и да ја модернизираат мрежата.

За таа цел на средба со нив беа и министерот за економија Бектеши, како и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде