Путин: Подготвени сме да преговараме со Украина!

Претседателот на Русија, Владимир Путин го повторил ставот дека Русија е подготвена да преговара со Украина, но тврди дека Киев тоа го одбива, пренесува „Guardian“.

Путин одговарал на коментарите на претседавачот на Комисијата на Африканската унија Муса Фахи Махмат,

кој на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург рекол дека Африканската унија им придава голема важност на интегритетот и суверенитетот на државите, како и на мирното решавање на кризата преку компромис.

Киев рекол дека не е подготвен за влегување во преговори со Москва, додека Русија, која ја започнала инвазијата со полни размери пред 17 месеци, држи петтина од украинската територија.

Русија повеќе пати инсистирала дека било какви преговори мора да ја земат предвид „нова реалност“.

Египетскиот претседател Абел Фетех ал-Сиси ја повикал на самитот на Русија да го оживее црноморскиот договор за жито од кој Русија се повлече минатата недела, а кој на Украина и дозволува да извезува жито од своите морски пристаништа и покрај војната.

Сиси рекол дека е од суштинска важност да се постигне договор за повторно оживување на договорот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде