Секс скандал во МНР: Македонски амбасадор добил пет дена да се врати дома

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за ТВ21 информираат дека амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија,

акредитиран и за Република Кореа, на барање на Владата на Република Северна Македонија, а согласно Законот за надворешни работи.

Според информациите, причината поради која се отповикува е сексуално вознемирување.

„Во однос на поведената процедура за неговото предвремено отповикување, како и причините за истата, ве упатуваме за повеќе детали да се обратите во Министерството за надворешни работи“, велат од таму.

Инаку, скандалот се случил откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави “експрес“ на први јуни, а потоа претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување,

поднесени од една македонска дипломатка, како и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде