Невремето веќе зафати некои делови од Србија, а во Суботица обилните врнежи од дожд, заедно со повремени грмежи и силен ветер, предизвикаа градот буквално да „плови“ на вода.
На моменти се формираше „дождовна завеса“, придружена со налети на силен ветер, додека интензитетот на невремето и врнежите се менуваа на секои петнаесет минути.
Моментално ситуацијата е многу подобра, дождот е послаб, но речиси целиот град е под вода.
Видеото можете да го погледнете ТУКА