Доцна синоќа полициска акција, уапсени 14 лица

Ноќеска во 1 и 30 часот после полноќ во гостиварско Чегране, полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар.

„Тие околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото. 

Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.“, информира полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде