Тажна вест ја потресе Македoнија: Почина легендарната спикерка и радио водителка

Денеска во Охрид, на 85-годишна возраст, почина Гласот на Охрид, легендарната спикерка и радио водителка Леонора Чекреџи, објави попладнево Охрид прес.

Таа беше најпрепознатливиот глас во Охрид, кој му даваше боја и убавина на радиото.

– Има нешто посебно во магијата на радиото, во можноста да раскажеш приказна, да пренесеш емоција, да создадеш нов свет и да допреш до луѓето само преку звук, кажа во последното интервју кое го даде за Супер радио и OhridPress во мај минатата година.

Важеше за исклучителен професионалеc, борец за чистиот македонски јазик и неговата употреба, особено во медиумите.

Погребот ќе се одржи утре, на Градските гробишта во Охрид, од 13:30 часот.

Извор: Охрид прес

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде