Милан К.(65) ја убил сопругата Гордана (59), а потоа се самоубил.
Кај нивните тела била пронајдена ловечка пушка и нож, а таткото на Милан, Мирко К. за Информер вели дека сакал да го убие и него!
Како што претходно објави Информер, несреќата се случила синоќа околу 22.30 часот во Болеч, засега не се знае што и претходело на оваа семејна трагедија.
Таткото на Милан К. за Информер изјави дека Милан не разговарал со сопругата три месеци, но и дека со години имал ловечка пушка.
Се се случи околу 22 часот кога слушнав истрел. Излегов и го видов телото на снаа ми покрај вратата, а син ми ми кажа дека ќе ме убие и мене.
Влегов во куќата и се заклучив, а тој самиот си пресуди. Не знам зошто го направи тоа. Три месеци син ми и снаата не зборуваа, но беа добри со мене – изјави Мирко К.
Полицијата спроведе истрага која ќе го утврди мотивот за оваа семејна трагедија.